КупФудбал

КУП: Смоквоски ќе им суди на Беласица и Детонит, Стојановски на Охрид и Шкупи

Сподели
Сподели

Утре стартува осминафиналната битка во Купот на Македонија, а истата се отвара со два натпревари кои се играат на „Благој Истатов“ во Струмица и на „Билјанини Извори“ во Охрид.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на утрешните два натпревари.

Кирил Смоквоски од Прилеп ќе ја дели правдата во Струмица каде силите ќе ги одмерат второлигашите Беласица и Детонит Плачковица. Негови помошници ќе бидат прилепчаните Дино Конески и Димитар Здравески.

Четврт судија на мечот ќе биде Ангелчо Ристов од Неготино, делегат на средбата ќе биде Стефан Ангеловски, а контролор ќе биде Сашко Ангелов од Кочани.

Второлигашот Охрид на домашен терен ќе игра против прволигашот Шкупи, а ќе им суди Марјан Стојановски од Кичево. Негови помошници ќе бидат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски од Кичево.

Четврт судија ќе биде Фатмир Бафто од Охрид, делегат ќе биде Иван Матевски од Скопје, а контролор Зоранчо Илиевски од Битола.

Во однос на останатите натпревари на 8. октомври Шкендија Арачиново ќе игра со Пелистер, на 15. октомври Шкендија против Тиквеш.

На 29. октомври соочување на Башкими со Силекс, Македонија ЃО со Струга, Работнички против Брегалница и Вардар со второлигашот Новаци.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!