ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Иванов и Гаревски ќе ја претставуваат Македонија на квалификациите за СП во е-фудбал

Сподели
Сподели

Македонија ќе има свои претставници на престижните квалификации за светското првенство во е-фудбал – FIFAe World Cup 2025, кое ќе се одржи во саудискиот град Ријад со награден фонд од 100.000 долари. Настанот, кој се организира по втор пат под капата на FIFA, оваа година достигнува највисоко можно ниво, со учество на држави од сите континенти и бројки речиси како реалното светско првенство во фудбал.

Нашата земја ќе ја претставуваат Иван Иванов од Радовиш и Давид Гаревски од Битола, двајца повеќекратни државни шампиони и едни од најдобрите е-фудбалери во Македонија. Тие ќе настапат во форматот 2 на 2, каде ќе се борат за пласман на големото финале во Ријад.

Регионалните квалификации за Европа ќе се одржат од 25 до 28 септември, во групна и нокаут фаза. Македонија ќе игра во една од најтешките групи, заедно со Швајцарија, Босна и Херцеговина, Грузија, Холандија, Португалија и Кипар.

Само најдобрите четири репрезентации од групата ќе продолжат понатаму, а на крајот само три европски селекции ќе обезбедат место на финалето во Саудиска Арабија.

Иван Иванов за Спортска Мрежа открива повеќе за подготовките и очекувањата пред големите предизвици.

„За натпреварите се подготвуваме секојдневно, се внимава на сите детали, од одбирање на вистинските и најдобри играчи, анализа на противниците и на крај тренирање на нашата тактика и игра. Фокусот ни е на најголемо ниво и може да кажам нескромно, очекувањата ни се големи, за прва цел ни е поминување на групите, а потоа преку нокаут фазата нормално влез во финале.“

Радовишанецот додава дека групата е исклучително тешка, вели дека ќе се соочат со одлични и докажани играчи.

„Во групата сме 7 држави и првите 4 поминуваат понатаму. За противници ги имаме Швајцарија против кои ги започнуваме овие квалификации, потоа Босна и Херцеговина, Грузија, Холандија, Португалија и Кипар. Една од потешките групи со многу одлични и докажани играчи.“

Квалификациите ќе се играат по региони и ќе бидат целосно онлајн, додека финалето ќе се одигра офлајн во Ријад, каде ќе стигнат само најдобрите 12 репрезентации – 11 преку квалификации и домаќинот Саудиска Арабија.

Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube и Twitch, што ќе овозможи јавноста да ги следи настапите на македонските претставници во борбата за пласман на големата сцена.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!