Трета лигаФудбал

30 години навивачка група „Ѕверови“ – Брвеница подготвува голема прослава

Сподели
Сподели

Навивачката група „Ѕверови“ од Брвеница оваа година одбележува голем јубилеј – три децении постоење и верност кон својот клуб Вардар Брвеница и локалниот спорт. Поводот ќе биде прославен со богат и незаборавен настан, кој ќе ги обедини старите и новите генерации во духот на спортот и пријателството.

Главниот дел од програмата ќе започне во сабота, на 27 септември 2025 година, со ревијален натпревар помеѓу ФК Вардар Брвеница и ФК Тетекс (ветерани). Дуелот, кој сигурно ќе привлече многу љубители на фудбалот, ќе започне во 18:00 часот на стадионот во Брвеница.

По натпреварот, прославата продолжува во спортската сала „Коста Рацин“ во Брвеница, каде што сите присутни ќе имаат можност да уживаат во вистинска фешта исполнета со музика, дружење и изненадувања. Организаторите најавуваат бесплатна храна, пиво и сокови во неограничени количини, а за атмосферата ќе се погрижат Група Глорија, Ѓоко Танески и DJ Мастер, кои ќе го подигнат адреналинот со најдобрите хитови.

Навивачката група „Ѕверови“, која зад себе има три децении поддршка, верност и љубов кон својот клуб, порачува дека оваа прослава не е само спортски настан, туку и симбол на заедништво и сплотеност.

„Вашето присуство ќе биде најголемиот подарок за сите нас“, порачуваат организаторите, кои ги покануваат сите љубители на спортот и добрата забава да бидат дел од оваа значајна спортска приказна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!