Трета лигаФудбал

Вардар убедлив – трите бодови останаа во Брвеница, Ренова го декласираше Влазерими

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977 | АРХИВА
Сподели

Трите бодови останаа во Брвеница, каде што Вардар славеше со убедливи 3:0 над Скендербеу во рамките на 2. коло од Трета лига – Запад. Марко Спироски и Андреј Стојановски погодија во првиот дел, а Димитар Стојкоски во второто полувреме ја завери победата.

Во Зајаз се одигра дерби натпревар со поделба на бодовите – 2:2 против Љуботен. За домашниот тим двоен стрелец беше Шќиприм Руфати, а за гостите исто така двапати погоди Филип Димитриоски.

Речица и Напредок од Кичево одиграа 1:1. Лирим Несими погоди за домаќините во 44. минута, а Ангел Божиноски во 80. минута израмни за гостите.

Камјани славеше со 2:1 против Доброшти. Хузри Џемаили и Арлинд Берзати беа стрелци за домашниот тим, а Агон Хашими во 83. минута го постигна единствениот гол за гостите.

Џепчишти оствари голема победа од 4:1 над Дрита на домашен терен. Арсим Џубери и Џевдет Идризи погодија уште по шест минути игра, а двоен стрелец беше Дрин Рустеми. Единствен стрелец за Дрита беше Едон Џемаили.

Поранешниот прволигаш Ренова со убедливи 5:2 го совлада Влазерими од Кичево. Генц Јакупи беше двоен стрелец, а по еднаш погодија Ермал Саити, Иса Ејупи и Линд Зендели. За гостите се запишаа Мурат Адили и Лабинот Елези.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК КАМЈАНИ ➖ 2 2 0 0 5 1 +4 6
2 ФК РЕНОВА АД ➖ 2 1 1 0 5 2 +3 4
3 ФК НАПРЕДОК 1928 Кичево ➖ 2 1 1 0 4 2 +2 4
4 ФК РЕЧИЦА ➖ 2 1 1 0 4 2 +2 4
5 ФК ДОБРОШТИ ➖ 2 1 0 1 5 2 +3 3
6 ФК ФЦ ЏЕПЧИШТИ 1996 ➖ 2 1 0 1 5 3 +2 3
7 ФК ВАРДАР 2022 с.Брвеница ➖ 2 1 0 1 4 3 +1 3
8 ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 ➖ 2 1 0 1 4 6 -2 3
9 ФК ЗАЈАЗИ ➖ 2 0 1 1 3 5 -2 1
10 ФК СКЕНДЕРБЕУ ➖ 2 0 1 1 0 3 -3 1
11 ФК ЉУБОТЕН ➖ 2 0 1 1 2 6 -4 1
12 ФК ДРИТА 94 ➖ 2 0 0 2 1 7 -6 0

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на крај двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран денеска меѓу екипите на ФК Силекс и ФК Шкендија Арачиново, домашната...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!