Ракометарките на Грција со победа го започнаа настапот на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ што се одржува во Охрид, совладувајќи ја репрезентацијата на Египет со резултат 25-22.
Натпреварот донесе израмнета игра во најголем дел од времето, при што Египќанките предводени од расположената Гадала (осум голови) му создаваа сериозни проблеми на противникот. Сепак, Гркинките во самиот финиш покажаа поголема стабилност и ја искористија шансата за да стигнат до првото славје.

По паузата, селекторите на двете репрезентации ротираа со составите, што донесе многу грешки, но и неизвесност. Со оваа победа, Грција ја започна турнирската авантура со големо самодоверба.

Вечерва од 20:30 часот Македонија ќе се соочи против Тунис.