Останато

Лина Ѓорческа продолжува со победничката серија, нова победа на турнир во Куршумлијска Бања

Сподели
ФОТО: Тениска Федерација на Македонија | АРХИВА
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи позитивната серија и обезбеди нов триумф на турнирот W75 во Куршумлијска Бања. Во првото коло таа ја совлада Американката Ели Шоп со 2-0 во сетови (6:4, 7:6(2)) по два часа и 15 минути игра. Во следната рунда Ѓорческа ќе се соочи со Русинката Анастасија Золотарева.

Натпреварот со квалификантката Шоп беше неизвесен и во двата сета. Во првиот сет резултатот по шест гема беше израмнет (3:3), но Ѓорческа направи клучен брејк во седмиот гем, поведе со 4:3 и со сигурна игра успеа да го добие сетот со 6:4, искористувајќи ја четвртата сет-топка.

Вториот сет започна подобро за Американката, која поведе со 2:0 благодарение на раниот брејк. Сепак, македонската тенисерка веднаш возврати и израмни на 2:2. До крајот на сетот двете ривалки беа изедначени, па победничката се решаваше во тај-брејк. Таму Ѓорческа покажа голема сигурност, брзо поведе со 6:1 и на крајот ја завери победата со 7:6(2).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија доколку се пласира на СП 2026 ќе добие 10,5 милиони

Светското првенство во фудбал во 2026 година нема да биде историско само по проширувањето на бројот на учесници, туку и по финансиските придобивки...

Турнири

Вечерва на „Стојаково 2025“: Клик Гевгелија против Илинден 2007, ќе може ли Алупласт Васил Јосифово до триумф?

Вечерашната програма на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ нуди четири натпревари од кои два кај јуниорите, а пак два кај сениорите. Вечерта...

Поврзани написи
Останато

МОК по петти пат ги додели „Златна Олимпија“ – признанија за најуспешните жени во спортот за 2025 година

На синоќешната свечена церемонија, Македонскиот олимписки комитет (МОК) по петти пат ги...

Останато

Јован Илиев триумфираше на 25. издание на „Легендите на Спартак“ во Кочани

Во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во...

Останато

Доминација на Девран Куртис: Шест медали за младата охридска пливачка на Националното зимско првенство

Младата и исклучително талентирана пливачка Девран Куртис, која настапува за пливачкиот клуб...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!