Трета лигаФудбалЧетврта лига

ФОТО: ФФМ со донација на топки за клубовите од ОФЛ Битола и Трета лига – Југозапад

Сподели
Сподели

Во прес салата на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, вчера претставници на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Битола им ги доделија фудбалските топки на клубовите од Општинската лига во Битола и од Трета лига – Југозапад со седиште во Битола.

Вкупно 35 екипи ги подигнаа донациите од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), од кои секој клуб од ОФЛ Битола доби по 10 топки, а екипите од Трета лига – Југозапад по 20.

Секретарот на Третата лига Југозапад, Васко Бошевски, во името на клубовите и ОФС Битола ја изрази благодарноста до ФФМ за поддршката и нагласи дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина на уште повисоко ниво.

Со оваа донација, ФФМ уште еднаш потврди дека посветува внимание и на нисколигашкиот фудбал, помагајќи им на клубовите во подготовките за претстојната сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометниот талент Методи Младеновски потпиша прв професионален договор со Младост од Богданци

Ракометниот клуб Младост 1977 продолжува да ја гради својата иднина преку развојот на сопствени кадри, а најнов доказ за тоа е првиот професионален...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново со пет нови потписи продолжува да го гради тимот за историската прволигашка сезона

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново продолжува активно да се засилува во пресрет на својата дебитантска сезона во Првата македонска фудбалска лига. Раководството на клубот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново со пет нови потписи продолжува да го гради тимот за историската прволигашка сезона

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново продолжува активно да се засилува во пресрет на...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Работнички ги започна подготовки под водство на Баже Јанакиевски

Ланскиот прволигаш Работнички ги започна подготовките за новата сезона во Втората лига,...

Прва лигаФудбал

Александар Таневски со емотивна порака потврди дека се разделува со прволигашот Скопје

Фудбалскиот клуб Скопје ќе влезе во новата сезона со промени на тренерската...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!