ФудбалЧетврта лига

ФФМ со донација на топки за клубовите од ОФЛ Струмица

Сподели
Сподели

Во просториите на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Струмица, на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Општинската лига им беа доделени фудбалски топки како донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Со оваа поддршка, ФФМ уште еднаш покажа дека се грижи и за нисколигашките екипи, овозможувајќи им подобри услови за подготовка и натпреварување во новата сезона.

Од ОФС Струмица изразија голема благодарност до претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, со надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина на уште повисоко ниво.

По неколку години пауза се враќа Општинската фудбалска лига во Струмица, а во која ќе се натпреваруваат седум екипи Во ОФЛ Струмица ќе се натпреваруваат екипите на Ново Село, Куклиш, Дрвош, Напредок од Радово, Балдовци, Пиперово и Добрејци, како и екипата на Слога од радовишкото село Злеово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!