ТурнириФутсал

Кратово и Црна Река убедливи за следна фаза во футсал Купот, ССК Скопје со тежок триумф

Сподели
Сподели

Вечерва беше одиграни елиминациската фаза од футсал Купот на Македонија, а на сите пет натпревари беа постигнати голем број на погодоци.

Кратово со 5:1 го декласираше Конзули од Битола и со тоа се чекираше во следната фаза од Купот на Македонија. Во салата во Пробиштип беа постигнати шест погодоци.

Ѓорѓи Ивановски беше двоен стрелец за домашниот тим, а по еден гол постигнаа Валентино Јовановски, Кевин Јакимов и Никола Стојчевски, а за гостинот погоди Драганчо Мицески.

Висока победа за следна фаза од Купот обезбеди и тимот на Фудбал Старс кој со 9:3 славеше над Партизан Југ од Брвеница. Драган Трајчов и Христијан Крстов беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Славчо Јованов, Давид Тренчев, Јовица Ефтимов, Борчо Петров и Драган Гаврилов. За гостинскиот тим искусниот Даниел Радески беше двоен стрелец, а во вториот дел погоди Марко Спироски.


Неизвесен беше мечот меѓу СЕЕ Университи и ССК Скопје каде скопскиот тим со 4:5 го елиминираше тетовскиот тим. Сите четири погодоци за СЕЕ Университи ги постигна Гезим Азизи, а пак за ССК Скопје стрелц беа Реџеп Бислим, Несим Сулејман, Борјан Цветановски и Исени Таркан во првиот дел, а во вториот дел погоди Снатијаго Ариф.

Убедлива победа за Каршиака која со 1:8 го доби Карадаку во меч каде се беше решено од сам почеток, за домаќинот Нуриамете Саити беше стрелец, за гостинот Бурим Касами погоди двапати, а по еднаш стрелаа Фуркан Ќани, Џезаир Рамадани и Садам Куртиши во првиот дел, а во вториот дел Енис Ибраими, Енис Мемеди и Сеад Јакупи.


Овче Поле немаше сили и на домашен терен загуби убедливи со 1:6 од Црна Река во дуел на два поранешни шампиони. Само Икица Јованов успеа да погоди за домашниот тим, за гостинот од Кавадарци Ѓорѓи Стрезовски погоди двапати, а по еднаш погодија Горан Соколов, Димитар Чоков, Никола Димов и Тони Гацев.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби...

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!