Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Вардар ја слави Љубица Асановиќ – историска победа победа за дебитантот во ПЖФЛ

Сподели
Сподели

Дебитантот Вардар ја забележа историската прва победа во Првата женска фудбалска лига, откако славеше со минимални 1:0 над Кочани во дербито од дното на табелата.

Минимална, но голема и значајна победа – победничка атмосфера во соблекувалната каде се слави името на Љубица Асановиќ, која е стрелец на единствениот победнички гол со што Вардар испиша историја – прва победа и први три бодови како прволигаш.

Девојките на Теодора Димитровска имаат причина за голема радост, но веќе фокусот се става на следниот натпревар, а тоа е гостувањето во Битола кај Топ Гол, каде Вардар има одново идеална шанса за триумф.

Причината за лошите резултати во првите четири кола беа и фактот што Вардар немаше многу време за подготовки и воигрување, особено со новите засилувања, бидејќи започна после првото коло по откажување на Атлетико од натпреварување, а секако и густиот распоред имаше своја причина за слабиот старт, но веќе Вардар после овој триумф влегува во ритам.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!