Екипата на Порече без проблеми го декласираше тимот на Слободен со што ја оправда фаворитската улога на стартот од новата сезона во Втората женска фудбалска лига.
На домашен терен и пред својата публика тимот на Порече уште во првиот дел го реши натпреварот кога имаше четири погодоци предност.
Капитенката Јована Ѓорѓиоска Блажеска постигна хет-трик, двоен стрелец беше новото засилување искусната Драгана Гегова, а по еден гол постигнаа Маријана Цветкоска и Ангела Наумоска.
Денес во Охрид екипата на Билјанини Извори ќе го пречека тимот на Борец од Велес во меч каде охридскиот тим се големи фаворити за победа.
Натпреварот меѓу Конзули и Плачковица не се одигра, откако гостинскиот тим не се појави на теренот, па тоа ќе значи службена победа за повратникот од Битола.