Втора лигаФудбал

Беласица преку Спиркоски славеше во дербито со Детонит Плачковица, Тетекс сигурен против Слога Виница

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Со дербито под рефлектори на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица беше затворено 4. коло од Втората македонска фудбалска лига. Беласица пред својата публика го совлада Детонит Плачковица со минимални 1:0, благодарение на погодокот на Бојан Спиркоски уште во првиот дел.

Натпреварот мина во одлична атмосфера со бројна публика, голема поддршка од „Ајдуци“, но и присуство на навивачи од Радовиш. Беласица беше поагресивна и поорганизирана, а токму Спиркоски со прецизен удар го реши дуелот.

Гостите од Радовиш во вториот дел се обидоа да се вратат во игра, имаа свои прилики преку активниот Сарески, но недостигаше завршница. Беласица ја впиша третата победа сезонава и се искачи на врвот од табелата во источната група.

Во другиот натпревар од денот, Тетекс на домашен терен во Тетово ја совлада Слога Виница со 2:0. Салији во 65. минута го отвори резултатот, а во судиското продолжение Даут Даути со убав погодок ги постави конечните 2:0 за радост на тетовчани.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА ➖ 4 3 1 0 12 2 +10 10
2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД ➖ 4 3 1 0 12 3 +9 10
3 ЗФК Шкендија Арачиново 77 🔽 4 3 1 0 11 3 +8 10
4 ФК БЕЛАСИЦА АД 🔼 4 3 1 0 12 4 +8 10
5 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС ➖ 4 2 1 1 7 5 +2 7
6 ФК СКОПЈЕ АД ➖ 4 2 1 1 8 7 +1 7
7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 🔽 4 2 0 2 7 4 +3 6
8 ЗФК НОВАЦИ 2005 ➖ 4 2 0 2 7 8 -1 6
9 ФК ТЕТЕКС 1953 🔼 4 2 0 2 7 10 -3 6
10 ФК КАМЕНИЦА САСА 🔽 4 1 2 1 12 7 +5 5
11 ГФК ОСОГОВО ➖ 4 1 1 2 5 6 -1 4
12 ФК СЛОГА 1934 ➖ 4 1 0 3 5 5 0 3
13 ФК ПРЕСПА ➖ 4 1 0 3 6 12 -6 3
14 ГФК ВАРДАР Неготино ➖ 4 1 0 3 5 14 -9 3
15 ФК ПОБЕДА АД ➖ 4 0 1 3 4 12 -8 1
16 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ ➖ 4 0 0 4 2 20 -18 0

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!