Клубовите кои се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Битола ќе добијат по десет фудбалски топки како донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Подигањето на фудбалските топки ќе биде во просториите на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Битола, вторник (16 септември) од 18 часот.
На овој начин ФФМ ги помага и нисколигашите и директно им се доделуваат по десет фудбалски топки пред почетокот на новата сезона во ОФЛ Битола.