Интернационалци

Александар Љафтов со нов интернационален предизвик во Кувајт

Сподели
ФОТО:ОФМ
Сподели

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, 36-годишниот Александар Љафтов, во новата сезона ќе настапува за тимот на Бурган Спорт Клуб од Кувајт. Искусниот примач, кој е еден од носителите на играта во нашиот национален тим, се реши за нов предизвик на Блискиот Исток.

Љафтов има богато интернационално искуство. На клупски план, тој настапуваше за Работнички, Галатасарај, Рибница Краљево, Анагениси Деринеиас, Саут Гас Спортинг, ПТТ Анкара, Младост Рибола Каштела, Хебар Пазарџик, Равена, Ал Ибтисам, Ал-Васл и Струмица, а минатата сезона беше дел од ПАОК. Со тоа, Љафтов зад себе има импресивна кариера во неколку европски и блискоисточни шампионати.

Минатата сезона, Бурган Спорт Клуб заврши на второто место во кувајтскиот шампионат, а во новата сезона амбициите се уште поголеми – напад на титулата. Со доаѓањето на Љафтов, клубот добива значајно засилување со искуство и квалитет.

Паралелно со настапите за својот нов клуб, Љафтов ќе ја темпира формата и за претстојното Европско првенство 2026, кое ќе се одржи од 9 до 27 септември во Италија, Финска, Бугарија и Романија. Нашата репрезентација на 4 октомври оваа година во италијанскиот град Бари ќе ги дознае противниците во групната фаза.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!