По долгогодишна пауза, ЖФК Конзули повторно се враќа на фудбалската карта на Македонија. Тимот ќе настапува во Втората женска фудбалска лига, а стручниот штаб веќе поставува високи цели.
Спортска Мрежа разговараше со стручниот штаб на новоформираниот проект, откриваат детали за концептот, екипата и амбициите на клубот.
- ЖФК Конзули после долги години пауза се враќа на фудбалската карта на Македонија, .како дојде до идејата за враќање на клубот?
„Познавајќи ги условите и начинот на работа во женскиот фудбал, решивме да направиме нешто ново, поразлично од досега и на организациски и стручен дел да воведеме некои новини со кои би придобиле за се повеќе афирмација на женскиот фудбал.“
- Како ќе изгледа ЖФК Конзули, како се екипираше екипата, како е составен конструктот на тимот? Има ли некои квалитетни и екстра засилувања?
„Екипата е составена од претежно млади играчи, но сепак искусни со оглед на тоа што веќе беа дел и од Втората и од Првата женска лига во Македонија. Со можеби едно до две засилувања, кои веќе за неколку дена би ни се приклучиле, би го добиле крајниот изглед на екипата.“
- Кои ќе бидат целите во Втората женска фудбалска лига, ќе се напаѓа ли првото место за влез во Прва лига?
„Целите ни се со побрзо екипирање на екипата и со тоа враќање на старите патеки, а тоа е Првата женска лига во Македонија, каде и припаѓа ЖФК Конзули.“
- Дали клубот ќе работи и со младински категории или сепак тоа ќе биде само со сениорска екипа?
„Со младински категории се планира да се започне и тоа ќе биде во најбрз можен рок со оглед на тоа дека сакаме да вложуваме во младите играчи кои допрва доаѓаат и од кои би го црпеле играчкиот кадар за нашата екипа во наредните години.“
- Каде ќе се играат домашните натпревари, на кој терен и кога ќе биде првиот собир и првиот тренинг?
„Натпреварите би се играле на стадионот на ФК Кравари во Кравари и на стадионот „Павел Шатев“ во Битола.“
- Кои луѓе ќе бидат вклучени во стручниот штаб, а кои во управата?
„На крај, благодарност до сопственикот Виктор Киранов кој ни излезе во пресрет на нашата идеја и му даде целосна поддршка на стручниот штаб на клубот, составен од Мила Талевска, Салевски Горан и Алексоски Јован, и уште неколку други бивши играчи кои би му помогнале на клубот на стручен и административен план за враќање онаму каде што заслужува, а тоа е Првата женска лига на Македонија.“
ЖФК Конзули од Битола ќе биде прв фаворит за шампионскиот пехар во Втората лига и со тоа да се врати во Првата женска фудбалска лига. Во рамки на првото коло ќе се соочи со Плачковица од Радовиш, а фаворитската улога ќе биде на страната на биточанки.