Втора лигаИнтервјуМагазинФудбал

ИНТЕРВЈУ | Иван Настевски за дербито со поранешниот клуб: „Секогаш е убаво да се вратиш на теренот каде што ги „мелевме“ екипите“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре на Градскиот стадион во Радовиш ќе се одигра интересен дуел меѓу Детонит Плачковица и Слога Виница, во рамки на 3. коло од Втората лига.

Ова е натпревар со голема тежина за двата тима, не само поради бодовите, туку и поради емоциите. На спротивни страни ќе бидат двајца штипски стратези – Горан Здравков и Емил Грнев – а дополнителна димензија на дуелот носи и фактот што неколку поранешни фудбалери на Детонит Плачковица денес го носат дресот на Слога Виница.

Во пресрет на мечот, поразговаравме со капитенот на Слога, Иван Настевски, познат како Меси, кој во минатото беше капитен на Детонит. За него, утрешниот натпревар е посебен бидејќи повторно ќе истрча на теренот во Радовиш – овој пат како противник.

„Секогаш е убаво да се вратиш на теренот каде си пишувал историја“

  • Утре повторно ќе истрчате на теренот во Радовиш, но овојпат како противник. Какви емоции буди враќањето на добро познатата сцена?

„Секогаш е убаво да се вратиш на теренот каде си играл со голем успех за Детонит, тој октагон каде што ги мелевме екипите. Страшно добра генерација на фудбалери и личности, полни со жар за победа и пред сè вистинско другарство“, вели Настевски.

„Во Слога имаме одлични услови и силна желба за напредок“

  • Минатата сезона во зимскиот преоден рок го напуштивте Детонит и се преселивте во Слога. Каква е атмосферата таму и какви се условите за работа?

„Сето тоа сега го имаме тука во Слога. Имаме одлични услови за работа, можеби со годините сум постар од сите нив, но мене ми е чест и уживам кога играм со овие момци кои се желни да се докажат и кои имаат пред сè волја за победа и напредок“, изјави Настевски за Спортска Мрежа.

„Ќе победи тимот што подобро ќе ги искористи шансите“

  • Што може да очекуваме од утрешниот натпревар против Детонит?

„Мислам дека ќе биде убав натпревар за гледање, а ќе преовлада желбата за победа. Мора тие шанси што ќе ги имаме да ги претвориме во гол“, ни изјави популарниот Меси.


„Финансиските проблеми го намалуваат квалитетот на лигата“

  • Втората лига од следната сезона ќе се намали од 16 на 14 екипи, а дел од клубовите се соочуваат со финансиски тешкотии. Каква сезона очекувате и што може да понуди шампионатот?

„Тешка сезона, па не знам искрено… Познавајќи ја состојбата во клубовите, единствено тешка сезона ќе имаат оние кои нема да даваат редовно плати за фудбалерите. Инаку, не верувам дека ќе има драстично подобрување во квалитетот со кратење на лигата. Слушам дека многу одлични фудбалери се откажуваат бидејќи клубовите имаат финансиски проблеми. Можеби еден ден ќе треба Втората лига да биде организирана така што ќе се тренира три пати неделно, плус натпреварот, за да можат фудбалерите паралелно и да работат“, дополни Иван Настевски во разговорот за Спортска Мрежа.

Натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Слога Виница се игра утре (сабота) од 16:00 часот на Градскиот стадион во Радовиш. Главен судија ќе биде Бењамин Ќерими од Скопје.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!