Третолигашот Победа Валандово започна со продажба на дресови, а сите остварени приходи ќе бидат наменети за помош на клубот кој по неколку сезони одново се враќа во Трета лига – Исток.
Цената на дресот изнесува 2.000 денари, а дресовите се изложени во продавница во центарот на Валандово, па секој кој сака да го поддржи клубот и да им дрес од овој клуб може да набави дрес и на директен начин да го поддржи клубот.
„Само еден тим, само еден град, само Победа! Само Валандово“ – ова е мотото на клубот.
Новата сезона во Трета лига – Исток започнува на 7 септември, а во рамки на првото коло Победа е слободна, додека пак во второто коло на домашен терен ќе игра против Ударник од Пирава и тоа ќе биде дерби на Југот и дерби на колото.