Трета лигаФудбал

БВК Коњаре сезоната ја отвара против Фортуна, Студеничани против Еуромилк ГЛ

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

На 13 односно 14 септември ќе започне новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Север со 14 екипи. Во новата сезона ќе има четири нови екипи, тоа се Беса Сарај, Студеничани, Отља и екипата на Лопате.

Познати се и двојките за првото коло односно познат е целиот распоред за стартот во новата сезона.

Во рамки на првото коло Куманово на домашен терен ќе игра против новиот третолигаш Беса од Сарај, Пчиња на домашен терен ќе игра против Беса од Слупчане.

Новиот третолигаш Студеничани ќе има навистина тежок предизвик во првото коло против фаворитот Еуромилк, а екс прволигашот од Горно Лисиче за новата сезона најавува амбиции за враќање во Втора лига.


Првото коло носи и дерби соочување на Фортуна и БВК Коњаре, а пак некогашниот второлигаш Кадино ќе игра против Ржаничино.

Новиот третолигаш Отља ќе биде домаќин на Аеродром, а пак Башкими Љуботен ќе го пречека новиот третолигаш Лопате.

Трета лига – Север дефинитивно е најсилниот третолигашки регион, каде борбата за титулата односно првото место и бараж за Втора лига, но и опстанокот е навистина тешка.

Како што е познато шампионот игра бараж за влез во Втора лига, а пак последните три екипи директно испаѓаат од Трета лига – Север во Општинската фудбалска лига (ОФЛ) каде што територијално припаѓаат.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!