Екипата на Струга Трим Лум официјално потпиша договор со младиот македонски голман Иван Николоски.
22-годишниот чувар на мрежата на стружани доаѓа со искуство на меѓународната сцена како поранешен член на младинската репрезентација У21. Првично требаше да брани за Шкупи, но поради кризата во клубот не успеа да се наметне и си замина.
Николоски е син на поранешниот репрезентативен голман Јане Николоски, а од Струга истакнуваат дека ќе донесе сигурност и квалитет меѓу стативите.
Во својата кариера, тој имаше настапи за повеќе клубови, меѓу кои албанскиот Поградец, Победа, Саса, Беласица, Воска Спорт, Силекс, Брегалница, Работнички и Дрита.
Со доаѓањето на Николоски, Струга Трим Лум ја зацврстува одбраната и добива дополнителна квалитетна опција на голот.