ИнтернационалциФудбал

Давид Денковски ја започнува интернационалната кариера со ХШК Посушје

Сподели
Сподели

Македонскиот голман Давид Денковски го започнува новиот предизвик во својата кариера, откако потпиша договор со босанскиот клуб ХШК Посушје. Ова е прв трансфер на Денковски надвор од Македонија, со што го започнува својот интернационален фудбалски пат.

25-годишниот чувар на мрежата, висок 202 сантиметри, денес официјално стави потпис на договор со „сино-белите“ до летото 2026 година, со опција за продолжување на уште една година, што го отвора патот за стабилна и долгорочна соработка.

Денковски го започна своето фудбалско патување во младинските категории на Вардар, а потоа ги бранеше боите на Брера. По успешните настапи во Струмица, се пресели во Штип, каде со одлични интервенции го бранеше голот на Брегалница. Следен чекор во неговата кариера беше трансферот во Шкупи, каде одигра вкупно 53 натпревари во Првата македонска фудбалска лига и се истакна како еден од најстабилните голмани во домашниот шампионат.

Покрај клубските успеси, Денковски е и поранешен младински репрезентативец на Македонија, настапувајќи на шест натпревари за младинските селекции. Со овој трансфер во Босна и Херцеговина, тој добива нова шанса да го покаже својот талент на интернационално ниво и да ги отвори вратите за понатамошна кариера во странство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

(ФОТО) Лазаров го надмудри својот учител Червар – Алкалоид го урна Еурофарм Пелистер и се искачи на третото место!

Ракометарите на Алкалоид на домашен терен во го совладаа актуелниот вицешампион Еурофарм Пелистер со 30:28, во 11. коло од македонската ракометна Суперлига. Во...

Ракомет

ГРК Тиквеш ќе добие нов тренер, откако се раздели со Кристијан Грчевски

Суперлигашот ГРК Тиквеш ќе добие нов шеф на стручниот штаб, откако клубот од Кавадарци се раздели со Кристијан Грчевски, а одлуката за разделба...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера како апсолутен фаворит против „фенерџијата“ Кочани, Скопје ќе го пречека Вардар

Викендот со мечевите од 14. коло завршува есенската полусезона во Првата женска...

Прва лигаФудбал

Лидерот Струга гостува во Штип, дерби на Вардар и Тиквеш, Силекс ќе бара бодови против Шкендија

Репрезентативната пауза заврши, фокусот е на 14. коло од Првата македонска фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!