Фудбал

Николче Новески станува раководител на скаутинг службата во ФФМ

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен капитен на германски Мајнц, Николче Новески, официјално се приклучи на тимот на Фудбалската федерација на Македонија.

Новески е назначен за раководител на скаутинг службата, со задача да ја развива стратегијата за следење и откривање на млади таленти со македонско потекло ширум Европа и светот. Оваа активност е дел од новите приоритети на ФФМ, со цел да се прошири базата на фудбалери за сите национални селекции и да се создаде поголема перспектива за македонскиот фудбал.

Со 64 настапи за македонската репрезентација, Новески ќе работи во координација со Горан Пандев, Ѓорги Христов и Агим Ибраими. Неговата улога ќе вклучува следење на таленти, организирање тест-натпревари надвор од Македонија и давање шанса на младите да се докажат.

„Среќен сум што станувам дел од тимот на ФФМ и што ќе можам да придонесам за развојот на македонскиот фудбал. Со моето искуство од Бундеслигата и заедно со тимот во Федерацијата, ќе изградиме силен систем на скаутинг кој ќе овозможи секој талентиран фудбалер со македонско потекло да добие шанса да се докаже. Нашата цел е да создадеме услови за напредок и уште посилни национални селекции во иднина“, изјави Новески.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, го поздрави ангажманот на Новески:


„Николче Новески е име кое со својот карактер и настапи е запаметено во Македонија и во германската Бундеслигата. Задоволство е што ваков професионалец прифати да биде дел од нашиот тим, заедно со Пандев, Христов и Ибраими. Верувам дека со неговото искуство, авторитет и познавања ќе изградиме систем кој ќе донесе нови имиња во нашите селекции. Нашата мисија е јасна – ниеден фудбалски талент со македонско потекло да не остане незабележан. Ова е силен чекор напред во модернизацијата и професионализацијата на нашата работа“.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!