Втора лигаФудбал

Новаци се засили со искусните Христијан Драгарски и Петар Љамчевски

Сподели
Сподели

Второлигашот Новаци се засили со два искусни фудбалери со што значително ја зголемува конкуренцијата во своите редови. Се работи за Христијан Драгарски и Петар Љамчевски.

Искусниот дефанзивец Драгарски во Новаци доаѓа од тимот на Воска Спорт, а низ својата кариера 33-годишниот фудбалер беше дел од штипска Брегалница, Беса, Пелистер, Струга Трим Лум, Победа, Младост од Царев Двор, а пак меѓународна кариера градеше во Албанија настапувајќи за екипата на Теута, потоа во Романија за тимот на Конкордија, како и во Србија каде настапуваше за Радник.

Драгарски носи големо прволигашко, но и меѓународно искуство во тимот на Новаци.

Љамчевски, пак во Новаци пристигна од новиот второлигаш Слога Виница, а пак офанзивниот играч за врска низ својата кариера беше дел од Пелистер, Вардар, Тиквеш, Гостивар, потоа 34-годишниот фудбалер настапуваше и за Силекс, Љабуништа, Еуромилк ГЛ, Металург, а во странство беше дел од австриски Мауерверк.

Новаци во новата сезона тргна со триумф над Победа на домашен терен, а пак загуби од Кожуф во Гевгелија. Клубот има нов спонзор Евротип застанува зад Новаци, со нова управа со што повеќе од јасно е дека клубот како прва цел ќе има да го стабилизира и да го направи стабилен второлигаш и да цели и кон висок пласман.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!