Турнири

ВИДЕО: Вечерва ќе бидат познати последните два полуфиналисти на „Јосифовско лето 2025“ – ќе биде „пеколно“!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вечерва ќе бидат познати последните два патници во полуфиналето на турнирот во мал фудбал „Јосифовско лето 2025“, откако во петокот беа одиграни првите четвртфинални натпревари со што веќе се четираа две екипи во полуфиналето.

На првата четвртфинална вечер пеналите се покажаа кобни за тимот на Агро Смарт кој загуби во пенал серијата од Еклер Транс, откако во регуларниот дел беше 1:1.

Во ударите од белата точка попрецизни беа играчите на Еклер Транс и веќе обезбедија полуфинале на „Јосифовско лето 2025“.

Во вториот четвртфинален меч екипата на Кеги Моби со 3:1 беше подобра од Дим Метал во меч каде практично до последните секунди имаше неизвесност и возбуда кај публиката, но и кај самите играчи.

За првпат на турнир во Македонија беше воведена и ВАР технологија, а која судиите Марјан Младеноски и Дејан Младеновски можеа да ја користат и истата се покажа како успешна на дебито на ВАР-то во Јосифово.

Вечерва на програмата се два натпревари со што ќе бидат познати сите полуфиналисти. Фреит Оне оди на мегдан со тимот на Бил Мак, а пак Дивино против Железарец.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Стојановска: Спортот не учи да градиме посилен карактер и да се враќаме посилни

Во италијанскиот град Парма традиционално се одржува Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, на кое македонските претставници имаа забележителен настап....

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската фудбалска лига – Струмица, а тимот од радовишкото село одигра уште...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!