Прва лигаФудбал

Силекс неприкосновен – четврта победа во низа, Мирчевски херој на триумфот против Арсими

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Силекс продолжува со одличниот старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига и по четврото коло е единствениот тим со максимален ефект – четири победи од четири натпревари и ниеден примен гол, за разлика од Струга која исто така има четири од четири, но има еден примен гол.

Кратовци во Гостивар ја совладаа екипата на Арсими со минимални 0-1, во тврд и тежок натпревар исполнет со борбеност и силни дуели. Херој на победата беше Мартин Мирчевски, кој во 18. минута по одличен центаршут на Рајков ја затресе мрежата на домашниот голман Исљами.

Домашните фудбалери протестираа, барајќи офсајд, но ВАР-системот потврди дека Мирчевски беше во регуларна позиција – цели 47.7 сантиметри зад линијата на одбраната.

По водството, Силекс имаше уште неколку добри шанси преку Пиреш, Алиќ и Хрвановиќ, но и Арсими создаде прилики за израмнување. Најопасен беше Белули од слободен удар и Дардишта со удари со глава, но Џеков беше сигурен на голот. Во завршницата, Хуриќ се обиде со спектакуларни „ножички“, но резултатот остана непроменет.

Со оваа победа, тимот на Александар Васоски е на врвот од табелата со 12 бодови и гол-разлика 12:0, потврдувајќи ја улогата на еден од најсериозните кандидати за титулата.

Во следното коло, по двонеделната репрезентативна пауза, Силекс на домашен терен ќе го пречека Работнички, додека Арсими гостува во Битола против Пелистер.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид сака европско продолжение по големиот триумф над Пелистер!

Ракометарите на Алкалоид со позитивна атмосфера и дополнителна самодоверба го очекуваат следниот европски предизвик, откако остварија значајна победа во дербито против Еурофарм Пелистер....

Ракомет

Блажески за Спортска Мрежа: Фаворити сме, но мораме да дадеме 100% на двата натпревари!

ГРК Охрид го очекува нов европски предизвик во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, каде што за противник го има литванскиот Драгунас Клаипеда....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Величков ќе суди во Битола, Ралевски го доби дербито Охрид – Беласица: Познати судиите за 12. коло во Втора лига

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите и службени лица за седумте...

Прва лигаФудбал

Седум бода од три меча: Башкими ја засили битката за опстанок со победа во Чаир над Шкендија Арачиново

Башкими ја продолжи добрата резултатска серија и со гостинска победа од 0:1...

Фудбал

Чеферин: Со Масар имаме одлична соработка, македонскиот фудбал е во добри раце

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во интервју за Фудбалската...

ФудбалЧетврта лига

Спортска Мрежа дознава: Готен службено го доби мечот со Слога Злеово, три бодови во Подареш

Според ексклузивно информации на Спортска Мрежа вечерва и официјално беше донесена одлука...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!