Втора лигаФудбал

Триумф на Шкендија Арачиново со Охрид, шест гола во Виница, реми во Прилеп

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Шкендија Арачиново - Охрид
Сподели

На „Цвај арената“ во Неготино свое соочување денес имаа Вардар и штипска Брегалница каде исходот беше триумф за “сините” на Влатко Костов од 0:2, а во рамки на 2. коло на ВМФЛ.

Тасев и Георгиев беа стрелци, а погодија во првиот дел.

Осогово на домашен терен и пред својата публика го пречека новиот второлигаш Преспа од Ресен, во натпревар каде Жоглев и Стоиловски во вториот дел обезбедија победа од 2:0 за “жетварите”.

Второлигашкиот фудбал по неколку години пауза се врати во Виница, каде се соочија двата лански третолигаши Слога и Големо Коњари.

Екипата на Емил Грнев убедливо триумфираше со убедливи 5:1 за голема радост во Виница.

Талески беше двоен стрелец, а по еден постигнаа Настевски, Христовски и Крстевски. За гостинскиот тим утешен гол постигна Алимоски.

Детонит Плачковица имаше ново гостување, овој пат во Тетово, каде силите ги одмери со Тетекс, а исходот беше триумф со пресврт од 3:2 за “штофарите”.

Радовишани преку Ѓорѓиевски имаа минимална предност во 7. минута, а пак “штофарите” преку Николовски, израмнија на 1:1 по две минути. Потоа радовишани преку гол на Шаренковски дојдоа до нова предност од 1:2 на полувреме.

Но, во 29. минута токму Шаренковски доби директен црвен картон. Во вториот дел Манасиевски од гостинскиот тим си постигна автогол за 2:2, а Радески погоди за 3:2, а тоа беше и конечен исход.

Во 86. минута и Смилков доби црвен картон, па радовишани беа со два исклучени играчи.

По натпреварот во кратка изјава за Спортска Мрежа, Горан Здравков истакна дека победата била победа за судијата.

„Марјан Младеновски денес ја изгуби честа и образот, победата е на Младеновски, нека му служи на чест“, кратко рече тренерот на Детонит Плачковица.

Денешното дерби беше на „Хасанбег Арена“ каде новиот второлигаш Шкендија Арачиново го пречека тимот на Охрид, а трите бодови останаа дома откако резултатот беше 2:1.

Неизвесен, тежок дерби меч. Гостите преку Ерен Парталко го отворија резултатот, а потоа Дарио Десниќ погоди за 1:1 на полувреме.

Во првиот дел Гоце Толески од стручниот штаб на Охрид доби директен црвен картон поради реакција кон главниот судија.

Во вториот дел Албнор Каба си постигна автогол за конечни 2:1.

„Добро го отворивме натпреварот и дојдовме до рано водство. После имавме две три добри прилики за да ја дуплираме предноста но бевме брзоплети во завршницата од нападите. После тоа натпреварот отиде во тек каде што повеќе му одговараше на домаќинот и подобро се снајде и не казни. Според мене не заслуживме да заминеме без бод од ова тешко гостување. Не очекува натпреварот со Осогово каде што е време да се радуваме на прва победа во новата сезона“, рече тренерот на Охрид, Ромео Кочоски за Спортска Мрежа.

Екипата на Победа која се обидува да се консолидира денес го пречека тимот на Каменица Саса, каде исходот беше 2:2.

Саса преку Николов и Бекир имаше предност од 0:2, а пред крајот на првиот дел погоди Крајоски за 1:2 на полувреме.

Во вториот дел Ахмедов погоди за конечни 2:2 и поделба на бодовите.

Кожуф на домашен терен против Новаци забележа победа од 2:0, со погодоците на Ислами и Гугуљанов.

„Одигравме дисциплинирано и трпеливо онака како што и се договоривме, имавме контрола и доминиравме во текот на целиот натпревар и заслужено дојдовме до победа. Честитки до играчите, голема благодарност до навивачката група „Фантоми“ за безрезервната поддршка“, рече тренерот на Кожуф, Иван Варадиновски за Спортска Мрежа.

Колото се затвара утре со натпреварот под рефлектори меѓу Беласица и Скопје, а кој меч ќе започне во 19:30 часот, а се игра на стадионот „Благој Истатов“.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Астибо го декласираше Пелистер – Младеновска собра 17 одбрани, Николовска го водеше Спартак до триумф над Вардар

Ракометарките на Астибо вечерва забележаа голема и важна победа над Пелистер во меч од 17. коло на Супер лигата откако со 29:17 славеа...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20, 21:25, 25:21, 25:14) против ОК Струмица Жени во градското дерби со...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

ВИДЕО: Петар Левков со шест гола го однесе Кеги Моби во полуфиналето на Купот

Кеги Моби е последниот патник во полуфиналето во футсал Купот на Македонија,...

Трета лигаФудбал

Пирава ќе „гори“ – важно известување пред дербито меѓу Ударник и Победа од Валандово

В недела се игра мега дербито на Југот меѓу Ударник и Победа...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!