ЖФК Љуботен го заврши настапот во Лигата на шампионите, откако во полуфиналето од квалификацискиот турнир беше убедливо поразен од шведскиот великан Розенгард со 5:0.
Тетовчанки храбро му парираа на противникот речиси цело прво полувреме, но во самиот финиш Розенгард поведе преку Имо, која од пенал го отвори резултатот по прекршокот на Мустафа. Второто полувреме донесе целосна доминација на шведскиот тим во 52 минута Сјостром стрелаше за 2:0, по само неколку минуту Имо повторно даде гол во 59 минута и за крај Ларсон стрелаше 2 пати во 80 и 91 минута за конечни 5:0.
Со овој пораз Љуботен останува без можност за пласман во наредната рунда од Лигата на шампионите, но сепак ќе има нова европска шанса. Македонскиот шампион ќе игра за третото место во групата, кое обезбедува настап во новоформираниот Европа Куп на УЕФА. Ривал на „малото финале“ ќе биде тимот Сараево од Босна и Херцеговина на 30 август со почеток од 13:00 часот.