КупФудбал

Беласица го исфрли прволигашот Арсими од Купот – Александар Коцев е херојот на Беласица!

Сподели
Сподели

Беласица приреди сензација и успеа да го елиминира новиот прволигашот Арсими од Чегране по изведување на пенали, во возбудлив натпревар од 1/16-финалето на Купот на Македонија (2-2 во регуларниот дел, 3-2 пенали).

Арсими во Струмица резултатот го отвори преку Џемиљ Јахији во 45. минута од натпреварот за 0:1 на полуреме. Во вториот дел Беласица преку Коцев израмни на 1:1 во 51. минута, а потоа Дејан Перович во 56. минута донесе нова предност од 1:2 за Арсими.

Во 84. минута од мечот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица црвен картон заработи Башким Велија, а веќе една минута подоцна Живко Крстев обезбеди 2:2.

Пенал-серијата се покажа кобна за Арсими, а среќна и успешна за Беласица.

По Беласица, вчера следна фаза од Купот обезбедија Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, Охрид и Детонит Плачковица, а пак Арсими по Брера Струмица е вториот прволигаш кој е елимиран уште во првата фаза на Купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!