РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Започна продажбата на билети за квалификацискиот дуел Белгија – Македонија во Гент

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги информира навивачите дека започна продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026, кој ќе се одигра на 10 октомври во Гент, Белгија, меѓу репрезентациите на Белгија и Македонија.

Според правилата на УЕФА, за македонските навивачи се издвоени 900 билети во делот од стадионот резервиран за гостинските поддржувачи. Цената на билетите е утврдена од Фудбалската федерација на Белгија и изнесува 25 евра за возрасни, додека за деца до 12 години билетот чини 21 евро.

Продажбата се одвива исклучиво преку официјалната онлајн платформа на ФФМ – eticket.ffm.mk. По извршената уплата, секој навивач најпрво добива електронски ваучер како потврда за трансакцијата, а врз основа на него се издава официјалниот билет кој се испраќа на наведената е-маил адреса. Доставата се врши електронски и билетите пристигнуваат во рок од најдоцна две седмици.

ФФМ ги повикува сите љубители на фудбалот да си обезбедат билет навреме и да бидат силна поддршка за македонската репрезентација на овој клучен квалификациски натпревар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!