Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Аворнио го засили Башкими – големо засилување за новиот прволигаш

Сподели
Сподели

Емануел Аворнио, доскорешниот напаѓач на Шкупи, официјално е нов фудбалер на Башкими. Интернационалецот од Гана реши да остане во Првата македонска лига и да го засили новиот член на елитата, кој одлично ја започна сезоната со две победи и едно реми.

Аворнио минатата сезона постигна пет голови во дресот на Шкупи и се очекува неговото искуство и голгетерски инстинкт значително да придонесат за уште подобри резултати на екипата од Куманово.

Новиот напаѓач попладнево беше присутен на стадионот во Куманово, каде што Башкими славеше со 3:1 против Тиквеш. Тој имаше можност одблиску да ја почувствува фантастичната атмосфера што ја создаваат навивачите кога клубот игра на домашен терен.

Со доаѓањето на 24-годишниот гански напаѓач, тренерот Муарем Муарем добива уште едно силно оружје во офанзивата, а амбициите на Башкими за успешна сезона стануваат уште пореални.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!