Возбудливите четвртфинални дуели на турнирот во мал фудбал понудија спектакуларни натпревари и драматични моменти.
Екипата на Инекс Олгица со неверојатна игра ја совлада екипата на Хотел Тино со убедливи 0:7 и обезбеди пласман меѓу најдобрите четири.
Вториот четвртфинален меч беше далеку понапнат и драматичен.

Сатеска и Кафе бар Лавадо одиграа реми 1:1 во регуларниот дел, а полуфиналната карта ја обезбеди Сатеска, која беше посигурна од белата точка и славеше со 3:1 по изведување на пенали.

Полуфиналните возбудувања продолжуваат на понеделник, 25 август, со следниот распоред:
21:00 → Чардак Велгошти – Аце Најдески
22:00 → Брумел – Екстра Скопско
Публиката очекува уште повеќе возбудувања и неизвесност на патот до големото финале!