Втора лигаФудбал

Беласица против Скопје ќе игра под рефлектори – струмичани сакаат влез во Прва лига!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Струмичката фудбалска гордост Беласица првиот домашен натпревар во новата сезона од Втората лига против Скопје ќе го одигра под рефлектори.

Како што најавија од струмичкиот клуб натпреварот ќе се одигра во вечерен термин од 19:30 часот в недела (31 август).

Ова ќе биде првиот натпревар под рефлектори во новата сезона во Втората лига, а повеќе од јасно е дека таков натпревар ќе биде вистински фудбалски празник за градот, но воопшто и за второлигашкиот фудбал.

Клубот потврди дека сите домашни натпревари, додека налагаат временските услови, ќе се играат во вечерни термини, што ќе донесе посебна доза возбуда за љубителите на фудбалот. Беласица, која важи за еден од најсериозните конкуренти за пласман во Првата лига, повикува на масовна поддршка од сите навивачи, симпатизери и граѓани на Струмица и околината.

„Ги каниме сите љубители на фудбалот од Струмица и околината во недела да дојдат и да го подржат нашиот тим и да уживаат во вечерната атмосфера која многу малку клубови од Македонија можат да си ја препуштат и е реткост во нашиот фудбал“, стои во соопштението на клубот.

Влезниците за натпреварот ќе бидат по симболична цена од 100 денари.

Беласица ја започна сезоната со високи амбиции и со јасна цел – враќање во македонската фудбалска елита, а дуелот со ФК Скопје ќе биде првиот сериозен тест на домашен терен.

Минатата сезона исто така Беласица на домашен терен одигра натпревар под рефлектори против Охрид, во рамки на 3. коло.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!