Екипата на Атлетико од Битола нема да продолжи со понатамошно натпреварување во Првата женска фудбалска лига, откако клубот реши да се повлече, а за што веќе ја има известено и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Атлетико сезоната ја започна со голем пораз во Струга од Ас Јунајтед (8:0), а пред почетокот на второто коло клубот од Битола ја известил ФФМ дека нема да настапува понатаму во Првата женска фудбалска лига (ПЖФЛ).
Како што дознава Спортска Мрежа, ЖФК Атлетико ќе продолжи да функционира, но фокусот ќе го стави на младинските категории, каде и ќе се натпреварува, а ќе продолжи да работи со својата школа на „производ“ на млади фудбалски таленти.
Клубот годинава го прославија својот десетти роденден.