Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тераваки и Живиќ го решија дербито – Љуботен победнички против Саса, минималец за Скопје со голот на Каралиоска!

Сподели
ФОТО: Каменица Саса - Љуботен
Сподели

Актуелниот шампион Љуботен со два погодоци од новите засилувања слави голема победа врз директниот конкурент Каменица Саса во дербито на 2. коло во Првата женска фудбалска лига.

Јапонката Ајури Тераваки во 30. минута постигна гол со кој тетовскиот тим имаше гол предност на полувреме. Во вториот дел „рударките“ бараа погодок за израмнување и враќање во егал борба, но новото засилување Јулија Живиќ ја стресе мрежата на 33-годишната бугарска голманка Роксана Владимирова Шаханска кој капитулираше по втор пат во 77. минута.

Со овој триумф Љуботен за задава првиот удар кон одбрана на титулата против најсериозниот конкурент Каменица Саса.

Скопје со минимални 0:1 славеше над Топ Гол во Битола благодарение на голот на Јована Каралиоска која беше прецизна во 48. минута.

Висока победа за Речица која триумфираше над повратникот Кочани на гостински терен од 1:3.

Анѓела Петковска погоди за рано отварање на резултатот и водство на Речица веќе во 12. минута од натпреварот, а пак во 33. минута Емили Митковска постигна гол за предност од два гола.

Во 38. минута искусна Катерина Милеска беше прецизна за 1:2 на полувреме.

Во вториот дел Кочани се обидуваше да дојде до погодок за израмнување, неизвесноста дали ќе има три бода за Речица или поделба на бодовите ја реши Митковска со втор гол во 78. минута за конечни 1:3.

Ас Јунајтед го освои Пржино откако со 0:3 славеше над Истатов во меч каде Бразилката Ана Беатриз Тарантино Гилхермино Салино го отвори резултатот во 40. минута од натпреварот.

Во вториот дел по само пет минути игра Веса Села погоди за 0:2 со што гостинот од Струга влезе во посигурна резултатска предност, а конечните 0:3 ги постави Теодора Далческа во 84. минута.

Натпреварот меѓу Тиверија Брера и Атлетико не се одигра, откако тимот од Битола се откажа од понатамошно натпреварување.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!