Само три третолигаши имаат максимален број на бодови на своето конто, Слога Виница, Шкендија од Арачиново и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.
Во Трета лига – Исток се одиграа четири кола, а викендот ќе се одиграат натпреварите од 5. коло. Слога Виница има максимални 12 бодови на своето конто и се наоаѓа на врвот од табелата и засега главниот фаворит предводен од штипскиот стартег Емил Грнев оди според планот.
Најблиску од лидерот е Овче Поле од Свети Николе со 10 бодови, а пак Хоризонт Турново е трет со седум бодови на своето конто. Без победи овој регион се Светлост од Зрновци и Малеш од Берово.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК 4. КОЛО:

Во Трета лига – Север екипите на Еуромилк ГЛ и Шкендија од Арачиново се максимални со по 12 бодови на своите конта. Практично овие две екипи ќе ја водат борбата за првото место кое води кон баражот за влез во Втора лига, а тука сериозно ќе се вмеша и БВК Коњаре и Фортуна.
Без бодови по четири кола е само Башкими Љуботен, екипа која има еден бод откако имаше само едно реми.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР 4. КОЛО:

Лидер во Трета лига – Запад е екипата на Доброшти со десет бодови на своето конто преку скор од три победи и едно реми. Новиот третолигаш на Западот игра допадлив фубдал со најефикасен напад кој има постигнато 11 погодоци.
Некогашниот прволигаш Напредок од Кичево е втор со максимални девет бодови на своето конто, со оглед на тоа дека во овој регион настапуваат 13 екипи, Напредок се’ уште нема пораз, а во следното коло игра против последнопласираната Речица, каде Напредок како фаворит доколку ги освои бодовите сериозно ќе напаѓа за првото место и баражот за враќање во Втората лига.
Девет бодови од три победи и еден пораз за трето место е Џепчишти кој е трет на табелата. Речица и Зајази се без бодови и се наоѓаат на долните дел од табелата.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД 4. КОЛО:

Во Трета лига – Југ лидер на табелата е Големо Коњари со 12 бодови на своето конто со четири побез и иедно реми. Големо Коњари го има Виктор Тошески кој е најдобар стрелец, а лидерот го има најефикасниот напад со 18 постигнати погодоци, но и најдобрата одбрана која има примено само два погодоци.
Новиот третолигаш Венец од Долни Дисан е втор со 10 бодови на своето конто, а пак новиот третолигаш Башкими 2008 е трет со девет бодови, а пак Превалец е на 4. место со осум бодови на своето конто.
На дното од табелата е Обршани кој во минатото настапуваше во Втора лига – Исток без бодови. Во овој регион се откажа екипата на Марена од натпрерување пред почетокот на сезоната.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ 5. КОЛО:

Лидер во Трета лига – Југ е Преспа од Ресен со 10 бодови на своето конто со постигнати 12 погодоци, а примени три гола. На второто место е Евротип со ист број на бодови, а пак Кораби кој лани беше шампион во овој регион, но не го помина баражот е трет со девет бодови.
Без бодови во новата сезона по пет кола е Светлост од Кукуречани кој е на дното од табелата.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД 4. КОЛО:

Тоа што Спортска Мрежа како медиум и Александар Ванев како спортски новинар се залага останува и во иднина, а тоа е да нема баражи за влез во Втора лига, односно да има директен влез од Трета лига во Втора лига. Колку за потсетување, петте шампион од Трета лига и екипата која ќе заврши на 14. место во Втора лига играат бараж меч за влез во Втора лига.
Победниците од овие бараж натпревари влегуваат во Втора лига, а пак поразените екипи остануваат во Трета лига.
- АНАЛИЗА НА СПОРТСКА МРЕЖА: ТРЕБА ЛИ ШАМПИОНИТЕ ВО ТРЕТА ЛИГА ДА ИГРААТ БАРАЖ ЗА ВТОРА ЛИГА?
Пред околу четири месеци направивме анализа на Спортска Мрежа околу баражите кои ги играат екипите за влез од Трета во Втора лига, многу повеќе во Анализа на Спортска Мрежа.