Втора лигаФудбал

Втора лига: Трансфер-бомби, нови тренери и жестока битка за елитата, но и за опстанок!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе стартува со целосно променета слика. Речиси сите клубови направија сериозни промени, а некои од нив се засилија со звучни имиња, нови тренери и искусни засилувања. Првото коло ќе понуди атрактивни пресметки: Вардар Неготино – Тетекс, Брегалница – Кожуф, Новаци – Победа, Каменица Саса – Осогово, Преспа – Шкендија Арачиново, Охрид Лихнидос – Беласица, Скопје – Слога Виница и Големо Коњари – Детонит Плачковица.

  • Брегалница – нов тренер Влатко Костов

Брегалница ја најавува новата сезона со големи амбиции и многу засилувања. Во тимот пристигнаа: Стефан Костов, Даниел Карчески, Виктор Серафимовски (Пелистер), Ангџело Николовски (Македонија ЃП), Стефан Коцев (Шкендија), Горан Сиљановски (Беса), Мартин Димоски, Дарко Алексовски (Саса), Бобан Георгиев (Арсими), Дамјан Масевски (Детонит Плачковица), Давид Денковски (Шкупи), Еди Мандак (Беласица) и Хусеин Демири (Башкими).

  • Детонит Плачковица – тренер Горан Здравков

Клубот направи сериозна реконструкција и се очекува да биде меѓу кандидатите за врвот. Нови имиња се: Филип Ѓорѓиевски, Сашо Дуков (Кожуф), Стефан Бабунски (Брегалница), Тино Спасиќ (Скопје), Мартин Пивковски, Мартин Шаренковски (Брера), Мартин Мисердовски (Работнички), Јасин Казимоски (Победа), Нијаз Јусуфи (Гостивар) и Лука Атанасовски (Беласица).

  • Шкендија Арачиново – нов тренер Љупчо Марковски – Калц

Новакот во лигата донесе сериозни засилувања: Баки Алиу (Гостивар), Гентиан Амети, Бурим Алиев, Кристијан Чурлинов (Саса), Гентиан Пајазит, Христијан Коцев (Скопје), Дестан Адили (Вардар Н.), Јусуф Каба (Победа), Бурхан Алији и Албан Шабани (Арсими).

  • Каменица Саса – тренер Сашо Велиновски

Саса ги доведе: Глигорче Ефремов (Силекс), Максим Славков (Македонија ЃП) и Даријан Трајчов (Вардарски).

  • Охрид Лихнидос – тренер Ромео Кочоски

Екипата е меѓу фаворитите и се засили со: Дамјан Серафимов, Димитриј Попоски, Стојан Попоски, Димитриј Димитриевски, Иван Глигоров (Брегалница), Андреј Симевски (Саса), Леонид Кофиловски (Победа), Антонио Каланоски (Гостивар) и Игор Јаневски (Детонит Плачковица).

  • Беласица – тренер Александар Стојанов

Струмичани доведоа квалитетни играчи: Марио Наумоски (Македонија ЃП), Анатолиј Петејчук (Граничар), Марио Костов (Детонит Плачковица), Филип Митев, Живко Крстев (Брера), Давид Стојков, Горан Томовски (Брегалница), Коста Манев и Бојан Спиркоски (Пелистер).

  • Кожуф – нов тренер Иван Варадиновски

Нов тренер и нови засилувања: Дарко Стојанов (Слога 1934), Бојан Ивчески (Победа), Христијан Бејков (Вардарски), Ники Зумровски (Вардар Н.), Благоја Спиркоски (Тиквеш), Албан Мемеди (Башкими) и Веби Ислами (Струга).

  • Скопје – нов тренер Александар Таневски

„Пиратите“ направија големи промени и ги донесоа: Филип Илиќ, Алмир Подграѓа (Работнички), Гоце Јовчев, Александар Ѓурковски (Вардар), Константино Алекс Ѓорѓиовски, Александар Анастасијевски (Македонија ЃП), Јорго Папули (Кожуф), Кристијан Николовски, Горјан Цветков (Вардар), Бесјан Халими, Армир Иса (Шкендија) и Ферат Села (Струга).

  • Слога Виница – тренер Емил Грнев

Новите имиња се: Иљаз Чилафи (Брегалница), Давид Дебрешлиоски, Сухејб Рушити и Божидар Митревски (Детонит Плачковица), Никола Талески, Јован Постолов (Брера), Давор Богевски (Победа), Даниел Иванов и Максим Краљевски.

  • Големо Коњари – нов тренер Јовица Блажески

Екипата се засили со: Зоран Даноски, Валентин Белески, Бојан Јовески, Филип Стојаноски и Антонио Шемкоски.

  • Тетекс – тренер /

„Штофарите“ донесоа: Петар Обадиќ, Марко Стојчески (Вардар Н.), Енис Дервиши (Гостивар) и Рихан Зекјири.

  • Новаци – тренер Дарко Крстевски

Новите засилувања се: Христијан Драгарски (Воска Спорт) и Алтин Нурединовски (Македонија ЃП).

  • Вардар Неготино – нов тренер Горан Стојановски

Составот пристигна со нови лица: Илија Апостоловски (Тиквеш) и Ристе Лембовски (Македонија ЃП), Метин Ќерими и Бектеш Исмаил (Победа)

  • Осогово – тренер Крсте Крстев

Клубот од Кочани донесе: Христијан Митревски (Башкими), Филип Лазаревски (Вардарски), Христијан Поп Антоски (Детонит Плачковица), Метим Ќерими (Победа) и Исмаил Бектеш (Победа).

  • Преспа – тренер Неџат Хусеини

Ресенчани се засилија со: Давид Карамачоски (Охрид), Бобан Кузмановски (Брера Струмица), Амир Фејзулаи (Брегалница), Фирти Дани (Воска Спорт), Емус Елмаз (Вардарски), Кристијан Трајче (Њу Старс), Кипријан Петрески (Сатеска), Андреј Мурговски (Пелистер) и Ерен Амит (Пелистер).

  • Победа – тренер Стојанче Дунимаглоски

Прилепчани влегуваат во сезоната со ослабен ростер и сериозни проблеми со играчкиот кадар.

Очекувања за сезоната

Фаворити за највисок пласман се Охрид Лихнидос, Беласица и Брегалница, додека од сенка ќе напаѓаат Детонит Плачковица, Слога Виница, Скопје и Шкендија Арачиново. Борба за опстанок ќе водат Големо Коњари, Преспа, Вардар Неготино, Новаци и Победа. Последните пет екипи (16-то до 12-то место) испаѓаат директно, додека деветто до 11-то место ќе разигруваат во бараж.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаПрва лигаФудбал

Пелистер и Брера фаворити за опстанок, второлигашите подготвени за елитата!

Денес ќе бидат одиграни бараж натпреварите за пополнување на последните место во Првата македонска фудбалска лига. Пелистер и Брера како прволигаши ќе бараат...

Кошарка

КФМ го намали бројот на странци во македонската кошарка и воведе нови правила за клубовите

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека на денешната седница на Управниот одбор, едногласно беше усвоен Предлог правилникот за лиценцирање на кошаркарски...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Пелистер и Брера фаворити за опстанок, второлигашите подготвени за елитата!

Денес ќе бидат одиграни бараж натпреварите за пополнување на последните место во...

Втора лигаТрета лигаФудбал

Тетекс или Влазними – борба за Втора лига

Денес на стадионот во Ѓорче Петров ќе се одигра последниот бараж натпревар...

Втора лигаФудбал

Кожуф ја оствари целта, Иван Варадиновски поднесе оставка по обезбедениот опстанок во Втора лига

Младиот штипски стратег Иван Варадиновски повеќе не е шеф на стручниот штаб...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Брера и Скопје, Игор Стојчевски на Пелистер и Шкендија Арачиново

Утре се играат бараж натпревари за Првата македонска фудбалска лига, а вечерва...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!