Втора лигаФудбал

Втора лига 2025/26: Пеколна сезона во највозбудливото второлигашко издание досега

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига започнува со ветување за една од најнеизвесните и највозбудливите трки во последните години. Промените во системот на натпреварување, засилувањата на клубовите и големите амбиции на учесниците гарантираат драматична борба и за врвот, и за опстанокот.

  • Нови правила – повеќе драматичност

Во сезона 2025/2026, само шампионот ќе обезбеди директен пласман во Првата лига, додека второ- и третопласираните екипи ќе мора да го бараат своето место во елитата преку бараж-дуели со клубови од Првата МФЛ. Во долниот дел од табелата, ситуацијата е уште покомплицирана – петте последнопласирани тима директно ја напуштаат лигата, а клубовите од 9. до 11. позиција ќе играат дополнителни баражи против прваците на Третите лиги за опстанок.

Промените се резултат на планираното кратење на Втората лига – од следната сезона бројот на учесници ќе се намали од сегашните 16 на 14 екипи. Тоа значи дека конкуренцијата станува уште поостра, а секоја грешка може да биде кобна. Само тимовите кои ќе завршат во првите осум места ќе можат да бидат релативно мирни во однос на директниот опстанок.

  • Беасица, Охрид и Брегалница фаворити, но конкуренцијата е жестока

Според анализите, штипска Брегалница заедно со Охрид и Белаласица влегуваат како главни фаворити за првото место и се очекува меѓу овие три екипи да се бие битката за првото место.

Сепак, конкуренцијата е далеку од наивна. Сигурно е дека Скопје, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново под водство на Љупчо Марковски – Калц, но и Слога Виница ќе вмешат прсти за највисок пласман. Високите амбиции ги поддржуваат и значајните трансфери на овие клубови, што дополнително ја зголемува неизвесноста, а за што Спортска Мрежа редовоно информираше изминатиот период.

  • Борбата за опстанок – трка без простор за грешки

Додека вниманието традиционално е насочено кон врвот на табелата, реалната драма сезонава може да се води и на дното. Со пет директни испаѓања и три баражи, клубовите кои ќе се најдат во долниот дел од табелата ќе мораат да се борат со сите сили за опстанок.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Новаци, Вардар Неготино, Големо Коњари, Преспа, Победа… овие екипи се „печени“ за испаѓање и водење на битка за опстанок и уште неколку клубови кои немаат големи финансиски и кадровски можности и ќе мораат да се потпрат на тимскиот дух и стабилната организација за да избегнат испаѓање.


  • Силно засилена лига

Голем број клубови сериозно се засилија во летниот преоден рок. Брегалница направи најгласни трансфери, но и Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново, Беласица и Охрид се со комплетно нови состави и високи цели. Овој масовен прилив на квалитетни играчи најавува лигашко издание со повисоко темпо и поголема компетитивност отколку во претходните сезони.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
  • Очекувања и почеток на сезоната

Првото коло на распоред е веќе пред нас и ветува интересни дуели уште на стартот:

Вардар Неготино – Тетекс
Брегалница – Кожуф
Новаци – Победа
Каменица Саса – Осогово
Преспа – Шкендија Арачиново
Охрид Лихнидос – Беласица
Скопје – Слога Виница
Големо Коњари – Детонит Плачковица

Сите натпревари ќе бидат достапни во директен пренос преку YouTube каналот на Фудбалската федерација на Македонија, што е дополнителен чекор кон промоцијата и популаризацијата на ова натпреварување.


Втората македонска фудбалска лига сезонава ќе биде спектакл сам по себе. Со новите правила, силните засилувања и намалениот простор за грешка, секој бод ќе биде од огромно значење. Борбата за врвот и опстанокот никогаш не била поостра, а љубителите на фудбалот може да очекуваат возбудувања во секое коло.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари. Двете селекции ќе одиграат два пријателски натпревари, кои за кадетите ќе...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Младинците започнаа со подготовките за домашниот Мундијал – Илиевски повика 16 ракометари

Македонската младинска репрезентација ја искористува актуелната ЕХФ недела за продолжување на работата со генерацијата која во наредниот период ја очекува голем меѓународен предизвик....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Колото се отвара во петок, дербито меѓу Струга и Шкендија се игра во сабота

Познати е распоредот на натпреварите за 13. коло на Првата македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

(ФОТО) Брера Струмица подготвена за реваншот со Хофенхајм: Три гола негатива, но и голем мотив за ново европско докажување!

Македонскиот шампион Брера Струмица вечерва го одработи последниот официјален тренинг во Германија,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!