Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 3. коло на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги делегираше судии.
Главен судија на мечот меѓу Башкими и Тиквеш ќе биде Димитар Пилешков, негови помошници ќе бидат Бранко Путилин и Кристијан Џонов, а пак четврт судија е Стојанче Трпчевски. Во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Фуркан Идризи. Делегат ќе бидат Тони Петков, а контролор Игор Ширилов.
Фуркан Идризи ќе ја дели правдата на единствениот меч од оваа коло под рефлектори меѓу Вардар и Брера, помошници ќе му бидат Александар Ѓорѓески и Ибран Абази, а пак четврт судија ќе биде Александар Василевски. ВАР судија ќе биде Пларент Салихи, а пак АВАР судија ќе биде Дарко Видиниќ.
Делегат на средбата ќе биде Гоце Цветковски, а пак контролор Дејан Јакимовски. Мечот стартува во 20 часот.
Александар Урошевиќ ќе им суди на Пелистер и Шкупи, негови помошници ќе бидат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски, а пак четврт судија ќе биде Пларент Салихи.
Во ВАР собата ќе бидат Крумислав Ѓоргиев и Тоше Ицев, а пак делегат ќе биде Кочо Зердески, а Душко Милошески ќе биде контролор.
Стојанче Стојанов ќе биде главен во Кратово каде ќе играат Силекс и Македонија ЃП, а негови помошници ќе бидат Александар Гигов и Зоран Саздовски, а четврт судија ќе биде Спире Арсов.
Во ВАР собата ќе бидат Александар Урошевиќ и Вјолца Изеири. Делегат на мечот ќе биде Драган Блажовски, а контролор Димитар Мечкаровски.
Кирил Смоквоски ќе им суди на Струга Трим Лум и Работнички, негови помошници ќе бидат Владимир Митревски и Николче Дрнковски, а четврт судија ќе биде Фатмир Бафто.
Во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев и Мартин Дејаноски, а пак делегат ќе биде Марјан Пишмановски, а контролор Љубе Ристевски.
Правдата на мечот меѓу Шкендија и Арсими ќе ја дели Бењамин Ќерими, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Бојан Иваноски, а пак четврт судија ќе биде Игор Стојчевски. Во ВАР собата ќе бидат Стојанче Трпчевски и Гоце Петрески.
Контролор на мечот ќе биде Сашо Лазаревски, а делегат Ненад Крстевски.