Ракомет

ФОТО: Тримо Требње со победа над Динамо Панчево – останува во игра за финале во Охрид

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Словенечкиот Тримо Требње успеа да слави важна победа над Динамо Панчево со резултат 30-28 во рамките на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид и остана во трка за пласман во големото финале.

Натпреварот понуди многу неизвесност и драматични пресврти. Словенците тргнаа одлично и поведоа со 7-3 по десет минути игра, но српскиот тим се врати во мечот и на полувремето замина со минимална предност од 13-12.

Во вториот дел, избраниците на Бранко Тамше повторно ја презедоа контролата и поведоа со 20-15, но Динамо не се предаде и успеа да се врати во егал. Клучниот момент се случи во последните пет минути од средбата, кога Тримо повторно се одлепи на 28-25, што се покажа како недостижна предност за Панчевци.

ФОТО: Спортска Мрежа

Иако Динамо се обидуваше да се врати и имаше шанса да намали во завршницата, словенечкиот тим беше посмирен во клучните моменти и ја обезбеди победата. Ранчиќ беше најефикасен на натпреварот со 10 погодоци за Динамо, додека Тримо со овој триумф се издигна како главен конкурент на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер за првото место во групата и пласман во финалето.

Следниот натпревар за словенечкиот тим ќе биде решавачки во борбата за финалната фаза на турнирот, кој традиционално носи голема доза на престиж и ракометна возбуда.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!