Новакот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Арсими, продолжува со засилувања за да ја зацврсти дефанзивната линија. Тимот од Чергане го промовираше 22-годишниот Семир Џемаили, млад и перспективен лев бек кој доаѓа од редовите на хрватскиот Драговољац, каде што настапуваше во Третата хрватска лига.
Џемаили во пролетниот дел од минатата сезона беше дел од Драговољац, а претходно играше за Нехај Сењ и Лучко, додека својата младинска кариера ја започна во Госпиќ, настапувајќи и за Горица и Истра 1961.
Со ова засилување, Арсими добива млад и поливалентен дефанзивец кој веќе има искуство од хрватскиот фудбал и ќе биде сериозна конкуренција на левата страна од одбраната.