Фисник Зука повторно ќе игра во македонската фудбалска елита! Искуствениот лев бек потпиша договор со екипата на Башкими и ќе биде едно од последните засилувања на клубот од Куманово во финишот на преодниот рок.
29-годишниот Зука доаѓа од косовската Вуштрија, каде што мина само еден месец пред да ја раскине соработката и да одлучи да се врати во Македонија.
Познатиот бек веќе има богато искуство во Првата македонска фудбалска лига, откако во минатото настапуваше за Гостивар, Македонија ЃП, Шкупи, Ренова и Работнички, а беше дел и од албанскиот Фљамуртари.
Со неговото пристигнување, Башкими добива значајно засилување во дефанзивната линија и искусен фудбалер кој добро го познава македонскиот шампионат.