Кошарка

Викендот започнува Втората кошаркарска лига: Охрид отвара со Маџари, Црн Дрим против Партизан

Сподели
Сподели

Овој викенд со натпреварите од првото воведно коло ќе започне новата натпреварувачка сезона 2024/2025 во Втората кошаркарска лига на Македонија.

Во рамки на првото коло ланскиот прволигаш Охрид на домашен терен ќе се соочи со Маџари, Мега Баскет ќе игра против ланскиот прволигаш ФМП Академија.

Работнички на домашен терен ќе игра со МЗТ, Борец Баскет против Ангели, Црн Дрим на соочување со Партизан, а пак Бутел ќе игра со штипски Соколи.

Новата сезона во второлигашкото друштво учество ќе земаат 12 екипи во двокружен бод ситем, од 22 кола по принцип секој со секого, односно еднаш дома, еднаш на гости.

Екипите пласирани од прво до осмо место играат плеј-оф завршница, а пак екипите пласирани на деветтото и десеттото место остануваат во Втората лига и за следната натпреварувачка сезона 2025/2026, додека пак екипите кои сезоната ќе ја завршат на последните две места од табелата односно на 11 и 12 место директно испаѓаат во Третата кошаркаска лига за сезона 2025/2026.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Кошарка

Четири екипи, една цел: Почнува плеј-офот за влез во Првата кошаркарска лига

Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат, откако овој викенд стартува плеј-офот за пополнување...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

Кошарка

Фаворитите сигурни во Првата кошаркарска лига, битката за врвот останува неизвесна

Ниту петтото коло од завршницата во Првата македонска кошаркарска лига не донесе...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!