ИнтервјуМагазинРакомет

ИНТЕРВЈУ | Лиапис: Со многу напорна работа и пасија, ние ќе бидеме сè подобри и подобри!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Под водство на новиот тренер- Борис Ројевиќ, „новата“ екипа на ГРК Охрид, го освои првото место на годинешното 53. издание на Струшкиот Турнир.

Денес, во фокусот, со ексклузивна изјава за Спортска Мрежа, е новиот 25-годишен пивот на ГРК Охрид, грчкиот репрезентативец- Николас Лиапис, кој ги изрази своите импресии и впечатоци од неговите први натпревари во дресот на Охрид.

Инаку, дваесет и петгодишниот Лиапис е производ на школата на Олимпијакос од Грција, клуб со кој ги направи првите ракометни чекори. Неговото искуство вклучува и успешни настапи за грчкиот АЕК, како и за шпанскиот тим Адемар Леон. Годинава потпиша договор со Охрид, во кој се обврза на верност од минимум две сезони.

Имено, тој, се очекува да биде доста квалитетно засилување на пивотменската позиција кај Охриѓани.

ФОТО: Спортска Мрежа | Николас Лиапис во разговор со тренорот Борис Ројевиќ

Во продолжение ви доловуваме дел од нашиот разговор со него, веднаш после финалето со екипата на Бутел.

• Најпрво, честитки за победата и освоеното прво место на Струшкиот Турнир. Оваа сезона си нов играч во Охрид, а доаѓаш од Олимпијакос, кој е актуелен грчки шампион. Исто така, беше избран за најдобар пивот минатата сезона, во твојата земја, односно во грчкото првенство. Па, кои се твоите импресии за твојот нов клуб, твоите нови клупски колеги, новиот тренер..првите впечатоци за твојот нов „дом“, генерално?

– Најпрво, морам да кажам дека ми е чест и задоволство да играм во екипата на Охрид. Всушност, секој почеток на еден нов играч е тежок, и јас се трудам да се адаптирам на овие услови и на ова опкружување, воопшто. Екипата на Охрид и моите соиграчи ми посакаа топло добредојде, од сè срце, така што веќе ги чувствувам како мое семејство. Сепак, многу е рано да се видат и резултатите, но јас мислам дека со многу работа, како што и започнавме..како и многу страст, ние ќе бидеме секој ден сè подобри и подобри.

ФОТО: Спортска Мрежа | Разговор на Николас Лиапис за Спортска Мрежа

• Турнирот во Струга беше одлична можност за да се воиграте заедно како тим, првпат да ја почувствувате енергијата и хемијата во тимот. Кое е твоето мислење, дали си задоволен од прикажаната игра од ваша страна деновиве? Како го виде финалниот натпревар со Бутел?

– Токму така. Овие неколку натпревари беа нашите први тестови за тоа како ќе се снајдеме да играме сите заедно, како екипа.. да стекнеме добра координација и сето тоа.. па така, според моето мислење, засега е и нормално и да не сме задоволни со некои делови од играта, сепак се познаваме само три недели, што е малку време за да се запознаеме и да играме одлично, како што и посакуваме. Но со тек на време, ќе се воиграме и ќе бидеме сè подобри.

ФОТО: Спортска Мрежа | Николас Лиапис во дресот на Охрид

• Кои се твоите очекувања за Охрид оваа сезона, во Супер Лигата, но и во Европскиот Куп? Може ли Охрид да освои титула?

– Секако дека си имаме поставено неколку цели како тим- да бидеме подобри од претходните сезони. Имаме десет нови играчи, што секако треба да се земе предвид, меѓутоа само со многу напорна работа и пасија, можеме да постигнеме нешто навистина големо. – смета Лиапис.

На Лиапис му благодариме за соработката, и му посакуваме успешна и блескава сезона во дресот на Охрид.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!