Ракомет

Охриѓани се првите финалисти на Струшкиот Турнир!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Екипата на Охрид е првиот финалист на Турнирот покрај Езерото, откако вечерва ја совлада екипата на Бурса со 38:28, во натпревар кој требаше да биде дерби на денот, меѓутоа заврши со десет гола разлика.

Всушност, разликата на крајот не е многу реална слика на целиот натпревар, бидејќи Бурса даваше доста отпор, особено во првото полувреме. Бурса успеа одвреме-навреме да создава закани преку играчи како Билим и Шешиќ, па така полувремето заврши со резултат 16-13, во корист на Охриѓани.

Турците имаа расположени голмани, добри шутеви, но исто така и доста загубени топки, што придонесоа за ваков резултат. Иако добија шанса да се приближат и на само еден гол разлика, Чаневски им одбрани пенал, што беше пресуден момент за охридскиот тим да се одлепи на 20-17. По ова, „гладијаторите“ ја контролираа играта и постепено ја рушеа одбраната на Бурса.

Гледачите на отвореното игралиште ,, Горан Попоски Бабец “ во Струга, имаа можност премиерно да ги видат сите нови засилувања на амбициозниот Охрид за оваа сезона. Тренерот- Борис Ројевиќ, еден по еден, ги претстави сите свои адути за претстојната сезона, и им даде шанса на сите да ја почувствуваат атмосферата на теренот во Струга. Охрид делуваше доста моќно во овој натпревар.

Кај Бурса, Ѓокај Билим постигна дури десет голови, додека голманите Емре и Берекет забележаа  14 одбрани, вклучувајќи и три пенали. Во редовите на Охрид, Ојлески даде шест гола, Лиапис пет, Иванковиќ и Стрмљан по четири, а Чаневски имаше осум одбрани.

Со ова, новиот тренер Борис Ројевиќ го забележа својот прв триумф, а веќе во сабота, во 20:40 часот ќе има шанса да го освои својот прв трофеј со „гладијаторите“. Нивниот противник во финалето ќе биде или Бутел Скопје, или Тиквеш, што гарантира македонска финална пресметка.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!