Ракомет

Металург Автокоманда со две нови засилувања – промоција на Зечевиќ и Цветановска

Сподели
ФОТО: ЖРК Металург Автокоманда
Сподели

Женскиот ракометен клуб Металург Автокоманда го заокружи списокот на засилувања за новата натпреварувачка сезона со ангажманот на две искусни ракометарки – Сара Цветановска и Сузана Зечевиќ.

Цветановска, 22-годишен кружен напаѓач, доаѓа од редовите на ЖРК Куманово, каде настапуваше од 2017 година. Ова е нејзина прва промена на клуб во кариерата, а веќе има и искуство во Европскиот Куп на ЕХФ. Од Металург очекуваат таа да внесе цврстина и борбеност на линијата од шест метри и да биде значаен дел од тимот во претстојните европски предизвици.

Втората нова ракометарка е црногорскиот бек Сузана Зечевиќ, која исто така доаѓа од Куманово. Со 32 години и долгогодишно искуство во македонската Суперлига, Зечевиќ е позната по својот преглед на играта, прецизниот шут и големата борбеност.

Со овие две имиња, клубот од Автокоманда го комплетира ростерот за новата сезона, во кој, покрај новите засилувања, остануваат и носителките на играта од минатата година. Со ваков состав, Металург Автокоманда влегува како еден од главните фаворити за освојување на трофеите на домашната сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!