Турнири

Пријавувањето е во тек за Меморијалниот турнир „Андреј Митев“ во Облешево

Сподели
Сподели

Село Облешево повторно ќе биде домаќин на Меморијален турнир во мал фудбал „Андреј Митев“, кој оваа година се организира по вторпат, во чест на фудбалски ентузијаст Андреј Митев. Турнирот ќе се одржи од 31 август до 17 септември, а пријавувањето е веќе отворено!

Целта на турнирот е да го промовира спортот, заедништвото и пријателството преку фудбалската игра, како и да се оддаде почит на Андреј, кој трајно ќе остане дел од локалната спортска заедница.

  • Наградниот фонд изнесува 400.000 денари, а наградите се распределени вака:

Прво место – 130.000 денари
Второ место – 60.000 денари
Трето место – 30.000 денари
Четврто место – 10.000 денари

Дополнително, ќе има и награди за најдобар играч, стрелец и голман.

Во однос на правила на турнирот, се игра 5+1 играч, измените се летачки и не се ограничени. Натпреварите траат 2 х 20 минути, со право на тајм-аут од 1 минута по полувреме. Голманот не смее да ја префрли топката преку центар кога топката е во гол аут, но може кога е во игра. Шестиот фаул е пенал од 10 метри, а секој следен прекршок исто така е пенал.

Пеналите се изведуваат од 7 метри. Екипите мора да прикажат список со најмногу 10 играчи во групната фаза, со можност за додавање на еден џокер во елиминациската фаза со доплата од 3000 денари. Играч со директен црвен картон нема право на настап во следниот натпревар. Во елиминацискиот систем, доколку е нерешено, следи изведување на по три пенали од 7 метри. Ако екипата задоцни повеќе од 15 минути, губи службено со 3:0

Пријавувањето е веќе отворено, а сите заинтересирани тимови можат да се пријават кај Дамјан на 078/343-279 или кај Бобан на 078/210-062.

Минатата година турнирот привлече голем интерес од играчи и публика од регионот, а оваа година се очекува уште поголема конкуренција и возбуда. Придружете се и бидете дел од овој спортски настан кој носи радост и почит!

Спортска Мрежа по првпат медиумски ќе го поддржи овој спортски настан.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

Турнири

ВИДЕО: Тими Инвест го освои турнирот во Речица под водство на Назиф Исмаили – Мурињо

Екипата на Тими Инвест, предводена од харизматичниот тренер Назиф Исмаили, познат меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!