Втора лигаФудбал

Искусниот стратег Александар Таневски ќе го води Скопје – пристигнаа неколку засилувања!

Сподели
Сподели

Второлигашот Скопје се засили со неколку нови фудбалери за сезоната која започнува на 23 август, а во неа ќе влезе и со нов тренер – откако на тренерското столче седна искусниот Александар Таневски. Тој доаѓа на местото на Љупчо Марковски – Калц, кој сега е нов тренер на Шкендија од Арачиново.

Таневски е тренер со богато искуство, кој во својата кариера ги водеше Македонија ЃП, Брера Струмица, Беса од Добро Дол, а неодамна беше именуван и за селектор на македонската репрезентација до 20 години.

Тимот од Автокоманда, под водство на 42-годишниот стратег, минува низ успешни подготовки и во новата сезона ќе влезе максимално подготвен, засилен и освежен.

Поранешниот прволигаш се засили со Александар Ѓурковски и Горјан Цветков, кои во пакет пристигнаа од Вардар, потоа со Јорго Папули од Кожуф, за кој трансфер веќе објави Спортска Мрежа, а ново име е и Александар Анастасијески од Македонија ЃП.

Како што дознава Спортска Мрежа, со екипата на Скопје тренираат и неколку играчи од генерациите 2005–2009 од повеќе клубови. Во следните денови ќе се одлучува кои ќе останат. Во групата има и неколку играчи од Работнички, двајца од тетовска Шкендија и еден од Струга Трим Лум.

Со тимот од Автокоманда тренира и Виктор Ангелов, поранешен репрезентативец.

„Во наредните денови очекуваме да пристапат уште неколку играчи, со цел да направиме конкурентен тим, чија основа ќе бидат млади талентирани фудбалери – потенцијални кандидати за младите репрезентации. Одигравме два пријателски натпревари, од кои можевме да видиме со каков квалитет располагаме“, изјави шефот на стручниот штаб Александар Таневски за Спортска Мрежа.

Новата сезона екипата на Скопје ја отвора на домашен терен, пред својата верна публика, против повратникот Слога од Виница.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!