ФудбалФутсал

Осогово во Крива Паланка го „распадна“ Кеги Моби, Проект ја декласираше Црна Река!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Денес беше комплетирано првото коло од Првата футсал лига, откако истото беше отворено во саботата со големата победа над Форца над Железарец од 11:1 за што информираше Спортска Мрежа.

Осогово на домашен терен во Крива Паланка со убедлии 7:1 го декласираше тимот на кеги Моби од Велес, кој немаше сили да парира на расположение домаќин кој има квалитетен тим со кој ќе конурира за врвот од табелата.

Победата беше најавена на полувреме кога резултат беше 3:0 за домаќинот. Резултатот го отвори искусниот Адријан Мицевски по пет минути игра за 1:0, потоа Кристијан Ристовски погоди за 2:0, а пак Давид Ристовски зголеми на 3:0.

Во вториот дел продолжи голеадата откако Ристовски со втор гол зголеми на 4:0, а пак Виктор Димков стрелаше за 5:0 и тотален дебакл на гостинот од Велес. Во 35. минута Адил Адиловиќ намали на 5:1, но пак затоа домаќинто постигна два брзи гола, откако Димков во 37. минута со втор гол зголеми на 6:1, а во 38. минута Никола Стојмировски погоди за конечни 7:1.

Повратникот во Првата лига, екипата на Проект одлично ја отвори новата сезона во елитата откако со 0:5 ја декласираше Црна Река среде Кавадарци.

Марио Благојевски беше двоен стрелец, а двоен стрелец беше и Димитар Јанев, додека пак еден гол постигна Трајче Трајков.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!