Иако се натпреварува во понизок ранг, клубот покажува дека има организација и капацитет за многу повисоки достигнувања.
Откако беа претставени повеќе од десет млади и искусни засилувања за сезоната 2025/2026, фудбалскиот терен во Ново Село е целосно подготвен. Со помош на „Sport4Kids.ch“ клубот обезбеди нова опрема за тренинзи и натпревари.
Соблекувалната на ФК Огражден е уредена на ниво на кое би позавидувале и многу второлигашки екипи.

Како што информираат од клубот обезбедени се 30 натпреварувачки дресови, 30 тренинг дресови, 30 маици за слободно време, 30 тимски торби, 30 фудбалски чорапи и тренинг опрема – мини голови, количка за спортска опрема и друго. Дополнително уште 30 тренерки во клупски бои „црно-жолти“ се во нарачка.

ФК Огражден е целосно подготвен за стартот на новата сезона, а неговата организираност може да послужи како пример и за клубови што се натпреваруваат во повисок ранг.