Прва лигаФудбал

Бесарт Ибраими сезонава одново ќе конкурира за најдобар стрелец во ПМФЛ!

Сподели
Сподели

Најдобриот стрелец во историјат на македонскиот фудбал, Бесарт Ибраими одново сезонава ќе конкурира за најдобар стрелец во лигата, а тоа го најави уште на првиот меч од новата сезона.

Искусниот голгетер на воведниот натпревар од сезоната која започна во петокот постигна два погодоци во мрежата на Шкупи, за убедлива победа на неговата Шкендија од 5:1.

38-годишниот Ибраими во неговата кариера шест пати ја има освоено шампионската титула во мак-фудбалот, четири пати со Шкендија и двапати со Струга Трим Лум, а во сезона 2015/2016 со Шкендија го освои и Купот на Македонија.

Во сезона 2015/2016 Ибраими постигна фантастични 25 погодоци, во сезона 2016/2017 имаше 20 погоди, а пак во сезона 2017/2018 постигна 22 гола.

Искусниот Ибраими во 2021/2022 беше стрелец на 24 погодоци, во сезона 2022/2023 постигна 19 гола, а минатата сезона 2024/2025 постигна 15 гола.


Во својата кариера Ибраими настапуваше за Влазрими и Напредок од неговото родно Кичево, Шалке 04 во Германија, потоа за Севастопол, Таврија Симферопол и Металург Запорожје од Украина, Еноссис Неон Паралимни и Ермис Арадипу од Кипар, Ксанти од Грција, а во македонскиот шампионат беше дел и од Струга Трим Лум и Шкендија за која моментално настапува.

На стартот од сезоната покрај Ибраими два погола постигна и Димитар Данев од Вардар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во Првата македонска фудбалска лига. Штипјани на гостински терен имаат лош учинок,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!