Прва лигаФудбал

Мишов: Тиквеш има квалитет да биде на местата на табелата кои што водат во Европа

Сподели
Сподели

Тиквеш денес на градскиот стадион во Кавадарци го пречекува Работнички во рамки на првото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Тиквеш има за цел да биде подобра пласиран од претходната сезона, а сезоната ја започнува со нова сопственичка структура.

Напаѓачот на прволигашот од Кавадарци, Александар Мишов вели дека клубот е на добар пат.

„Сите знаеме дека со доаѓањето на новиот сопственик на клубот, Осман Таш, амбициите на ФК Тиквеш се далеку посериозни. Како на организациски план, така и на резултатски. Минавме одличен главен дел од подготовките во Турција, имавме и повеќе од доволно време да се воиграме, новите играчи да се адаптираат на средината, градот, клубот и мислам дека сме на добар пат“, вели напаѓачот Александар Мишов.

Како што вели искусниот фудбалер Тиквеш има квалитет да биде на местата на табелата кои што водат во Европа.

„Тиквеш како клуб, а тука пред се мислам на управата, стручниот штаб и играчите на почетокот на подготовките си поставивме јасна цел. Да сме подобро пласирани на табелата од минатата сезона. Од она што летово го видов, а и го одработивме, јас сум оптимист. Мислам дека Тиквеш има квалитет да биде на местата на табелата кои што водат во Европа. Но, одиме чекор по чекор“, дополнува Мишов.

Напаѓачот на Тиквеш го најави и мечот со Работнички, кој се игра денес со почеток од 17:30 часот.

„Голем респект за тимот на Работнички. Сите знаеме за каков клуб станува збор. Ќе сториме се за бодовите да останат во Кавадарци. И за нас како клуб, но пред се за нашите верни Лозари, кои го заслужуваат тоа“, рече Мишов во изјава за ФФМ.

Правдата ќе ја дели Стојанче Стојанов од Штип, негови помошници ќе бидат Кристијан Џонов и Ристо Ѓоргиев од Штип, а пак четврт судија ќе биде Крумислав Ѓорѓиев од Штип.

ВАР судија ќе биде Игор Стојчевски, додека пак АВАР судија ќе биде Гоце Петрески од Скопје.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!